Освежете ја кожата со антички ритуал

popara17 јуни, 20121min00
ubavina

Жените од антиката важат за мистериозни убавици, а тоа се должи на нивните тајни вештини за разубавување, кои се едноставни но навистина ефикасни. Овој пат ви ја претставуваме бањата со солена вода – трик кој ќе ви помогне да ја омекнете и освежите вашата кожа.

Капењето во солена вода докажано ги отстранува симптомите на сува и оштетена кожа, а исто така помага во опуштање на телото и намалување на болката во зглобовите и мускулите. Најдобро е да користите сол од Мртвото Море, кое лесно може да се набави од аптека, и за кое се верува дека има лековити моќи за кои се зборувало уште во библиско време.

Наполнете ја кадата со топла вода и истурете 3 полни лажици сол, па опуштете се во топлата вода околу 20тина минути. Не останувајте подолго бидејќи солта може да предизвика дехидрација на кожата. Потоа истуширајте се со благ гел за туширање и намачкајте ја кожата со хидратантна крема.

„Солената бања“ особено се препорачува за оние кои имаат проблеми со сува кожа или пак некои кожни болести, како што е псоријаза. За нив експертите препорачуваат бањање во солена вода најмалку три пати неделно, а истражувањата покажале вистинско подобрување, особено доколку се користи сол од Мртвото Море.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag