Брзата помош веднаш стигнала во хотелот каде е пронајдена младата холивудска актерка.
Линдзи Лохан е пронадена онесвестена во својата соба во еден хотел во Лос Анџелес. Веста брзо се проширила по американските медиуми, а портпаролот на актерката потврдил дека ситуацијата не била толку драматична како што е претставена.
“Линдзи напорно работеше последните неколку дена, беше потполно исцрпена и отиде да се одмори во својата соба”, изјавил нејзиниот портпарол. Болничарите потврдиле дека со неа се е во ред, само била малку дехидрирана и исцрпена од снимањето.