Додека мажите за неа се тепаат, Ријана открива дека со задоволство ги бакнувала Кети Пери и Шерил Кол.
“Секој маж кој ќе биде со Кети и Шерил е вистински среќник. Ма не само маж! Тие се толку прекрасни жени што секоја девојка можат да ја навлечат во својот тим. И јас би можела да одам со нив”, изјавила 24 – годишната пејачка.
Зборувала за нивната внатрешна убавина и заклучила дека мажите кон нив треба да се однесуваат како со кралици.
“Знам многу девојки мислат дека имаат згодни пријателки, но јас навистина имам најсекси пријателки на светот. Кети и Шерил се толку секси што тоа е речиси незаконски”, ги испофалила Ријана колешките и им порачала на момците дека ќе имаат проблем со неа ако повредат некоја од нејзините пријателки.