Луѓето кои стојат зад саудиската верзија на „Британија има талент“, забраниле во шоуто пеење, танцување и учество на жени!
Натпреварувачите во арапската емисија ќе може да ги покажат своите вештини во верско пеење, поезија или спорт.
Милиони луѓе веќе ја гледале “Buraidah’s Got Talent”, шоуто кое ја емитувало телевизијата MBC4 со седиште во Дубаи. На тоа шоу настапи пејачката Шама Хамдан (18) без марама на главата, а тоа предизвикало згрозеност кај публиката.