Џеј Ло само за фустаните за концертот во Белград издвоила 100.000 евра. Светската поп дива го ангажирала познатиот креатор Zuhair Murad, по чии креации ќе биде целата сценска облека која Лопез ќе ја носи на 20 ноември во белградската Арена.
-Џенифер е една од омилените музи на Murad, иако креирал за многу светски ѕвезди. И за оваа прилика ќе изработи седум креации, кои Лопез ќе ги носи на сцената во Белград. Ниту една од нив не чини помалку од 10.000 евра, а овие цени обично се формираат од ситуацијата за која се наменети.
Познатиот креатор соработувал со многу познати светски личности, како Кетрин Зита Џонс, Ријана, Гвен Стефани, Ева Лонгорија, Моника Круз, Ферги, Селена Гомез, Кристина Агилера, Кејти Пери, Дита фон Тиз, Ким Кардашијан, Парис Хилтон, Бијонсе и многу други.
Мурад потекнува од Бејрут во Либан, а по студиите по уметност и дизајн почнал да соработува со холивудските диви.