Каиро – еден египетски месар ја убил својата сопруга, а нејзиното месо го продавал во својата месара. По караницата монструмот ја заклал својата жена, а потоа и ја одрал кожата, коските, па ја продавал како јагнешко месо, јавува порталот Emirates247.
Месото тој го продавал како младо јагнешко!
Месарот монструм бил откриен откако еден купувач се посомневал дека навистина станува збор за јагнешко. Тој ја информирал полицијата, а монструмот сопруг бил уапсен. Неговиот стан бил претресен и во фрижидерот биле пронајдени остатоци од сопругата.
Монструмот на полицијата и рекол дека ја убил жената бидејќи таа не го слушала!