Излечете ја депресијата со вистинското мени!!!

popara19 јуни, 20121min00
z

Депресијата не доаѓа без покана, а стрпливо чека да се соберат поводи за да се појави. Обично болните од депресија често плачат, вознемирени се без реална причина, често се наоѓаат во состојба на меланхолија и апатија и сакаат да се сами.

Зошто храната е лекарство против депресија? Една од причините е дисбалансот во начинот на исхрана кој од своја страна отклучува низа други болести.

Повод за депресија може да биде недостатокот на омега 3 масните киселини, проблеми со шеќерот во крвта, недоволно серотонин или витамини и сето тоа зависи од храната што човек ја конзумира или пак не.

Важно е да знаете дека антидепресивите не се единственото лекарство против депресија и дека постојат и други алтернативи, една од кои е храната.

Еве каква храна треба да има во вашето секојдневно мени ако сакате да се справите со симптомите на оваа опасна болест:

Риба – ве снабдува со неопходната доза омега 3 која е потребна на телото и без која има ризик од појава на депресија.

Овошје и зеленчук – јадете повеќе зелка, тоа ќе ве заштити од стрес и ќе ви достави фолна киселина и витамин Ц, важни оружја во борбата со депресијата. Јадете повеќе авокадо, киви, шумски плодови, спанаќ, моркови и слатки компири за да ги набавите сите неопходни витамини и минерали.

Белиот шеќер заменете го со кафеав или мед, а белиот ориз со интегрален ориз. Истото се однесува на белото брашно кое треба да се замени со интегрални и полнозрнести производи. Намелете го внесот на масти од животонско потекло и наместо тоа конзумирајте растителни масла како ленено, масло од кокос, од авокадо, од гроздови семки, од тиква и сл.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma