Кога некој ќе ви каже дека ви преостануваат само уште седум месеци живот, единствено што сакате да направите е да си проживеете онака како што сте фантазирале. Тоа го направил и еден 69 годишен маж од Нов Зеланд, бидејќи во 2010 година му откриле тумор.
Според весникот New Zealand Herald, Френк чие презиме не е откриено со својата сопруга Вилма одлучил да патува низ Австралија и Фиџи, бидејќи се чудтвувал дека нема што да загуби. Тие ја продале и својата куќа, оделе на вечери, купувале луксузни работи, патувале.
Но, по една година, кога Френк заминал на рутински преглед докторите му рекле дека тој сепак нема рак и нема да умре. Тоа биле одлични вести, но имало еден проблем Френк и Вилма биле пред банкрот.
Против болницата каде му била констатирана непостоечката болест ќе биде подигната тужба, а комисијата за здравје и инвалидитет ќе сроведе детална истрага за случајот.