Имаше прилично тешка година зад себе, во која се развела и завршила на рехабилитација. Но, изгледа дека Деми Мур полека, но сигурно го враќа својот живот на прав пат, се шушка дека има нов дечко и тоа ѕвездата на популарната серија True Blood, Џо Манганиело.
49-годишната Деми и 35-годишниот Џо уживале во заедничкото дружење на забавата по повод премиерата на новиот филм That’s My Boy. Сведоците тврдат дека изгледале многу блиски.
“Изгледаат супер заедно, Деми и Џо не се оделувале цела вечер, помеѓу нив е очигледна хемијата”, изјавил близок извор.
По разводот од Ештон Качер и рехабилитацијата, каде била примена поради пореметување во изхраната и исцрпеност, изгледа дека Деми и тргна работата – повторно со млад дечко.