Покрај тоа што е еден од најубавите жени и најбараните модел за костими за капење во светот, Александра Амбросио е и многу грижлива мајка. Убавата манекенка, која роди син пред само неколку месеци на премиерата на цртаниот филм “Brave” се појави во одлична форма и им го одзеде здивот на присутните.
Убавата Алесандра за оваа пригода облече тесен розов фустан, беж чевли и сребрена чанта, а три годишната Ања се одлучи за бел фустан и сандали со цветчиња.