Постојат многу места кои едноставно со самото заминување ќе Ви остават многу чувства и спомени. Дубровник е дестинацијата која несомнено ќе Ве натера повторно да се вратите, што побргу… Ќе Ве заведе со несекојдневната убавина која вклучува стара приказна раскажана на современ начин, древна мудрост, сочувана за сите генерации…
Дубровник, најјужниот хрватски град е туристичко, културен, административен, просветен центар, со многу историја, преубави глетки и прекрасна клима. Инсолацијата, овде трае 2600 часа годишно, сонцето сјае повеќе од 7 часа дневно… Она што е вртоглаво неодоливо е прекрасната температура на морето, шармантниот блесок кој Ве поканува на морски танц, медитеранската вегетација, ароматичните билки… особено виновата лоза, маслинките, смоквите, портокалите, кивите и лимонот. Градот претставува и светско културно богатство… Токму тој град, во кој секое парче зеленило е во склад со камените и морето е отсликан, опеан и опишан од перјата на многумина кои не можеле да останат рамнодушни на ова совршенство настанато во стогодишниот процес на соработка на човекот и природата…