Џејсон Лопез (16) бил на пливање со своите пријатели покрај својата куќа на Флорида, а еден од неговите пријатели случајно го повлекол чкрапалото.
Младиот 16 годишен Џејсон тешко бил повреден бидејќи харпун му го прободел черепот. Младото момче било со хеликоптер пренесено во болница и хоспитализирано.
„Чудо е што харпунот ги промашил сите главни садови во мозокот. Среќа е што децата не се обиделе сами да го извадат, во тој слуај веројатно би починал на пат кон болницата“, изјавиле лекарите.