Во контроверзниот учебник пишува дека САД би можеле да ги срамнат со земја светите муслимански градови Мека и Медина во Саудиска Арабија, без оглед на цивилните жртви.
Американското министерство соопштило дека во еден учебник било користено антиисламски материјал поради лоша проценка и лоша контрола. Од Пентагон е соопштено дека потполковникот кој ја држел наставата Метју Дули е ослободен од должноста, а се истражуваат и уште неколку лица врз кои може да се поднесе дисциплинска постапка.
Откривањето на антиисламските пропаганди во школото за официри е објавено во извештајот кој го составил Генерал штабот на Мартин Демпси, бидејќи тој побарал од воените служби да ја преиспитаат обуката за да не се користи во истата антиисламски материјал.