Натка и го “украла” дечкото на нејзината сестра :)))

popara21 јуни, 20121min00
1

Кристина и Наташа Беквалац опасно се испокарале поради манекенот Владимир Вуксановиќ.

Кристина за Влада чувствува голема симпатија уште од Коста Рика, додека траело снимањето на реалното шоу. По враќањето во Србија продолжиле интензивно да се дружат, а потоа меѓу нив се појавила Натка. Постарата сестра го завела манекенот, што на помладата воопшто не и се допаднало.

-Кристина на Наташа почна да и префрла веднаш по неодамнешното враќање од Ибица, каде Наташа го снимаше спотот со Влада, бидејќи се грижела за тоа што ќе кажат луѓето – вели близок извор и додава:

-Се спротивстави на врската на нејзината сестра: “Тргни се од детето, на тебе ти е потребен некој посериозен”. Ја предомислувала да не оди со него во Црна Гора,а кога Наташа на сето тоа го донела Влада, за да се запознае со нивните родители, Кристина не сакала да зборува со нив. И сега нивно заминување за Брач, гушкање и бацување … Сето тоа многу и пречи.

Објавени се фотографии од Наташа и Влада од Хрватска како се гушкаат и бакнуваат…Меѓутоа, ни едната ниту другата сестра не сакаат да зборуваат за конфликтот.

-Немам идеја за што се зборува, затоа неможам ништо да коментирам – кратко изјавила Кристина.

За разлика од неа, Наташа на прашањето за нејзиниот приватен живот, ги упатила до нејзиниот портпарол.

-Не знам како очекувате да коментирам вакви работи. Побарајте го мојот ПР менаџер – изјавила Натка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma