Свети Стефан е најјужното и најлуксузно летувалиште на Јадранот и Црногорското приморје…
Островот од бајките, се наоѓа недалеку од Будва и е поврзан со тесен камен канал со копното. На самиот остров се наоѓаат преубави и луксузни апартмани за пријатен и убав помин…
Единствената убавина, зачуваниот изглед на куќите дава единствена слика која Ве занемува. На Свети Стефан се наоѓаат и три преубави цркви: Свети Стефан, црквата Св. Александар Невски и прекрасната црква Св. Преображение.
Овој остров е претворен во „ град – хотел “. Улиците, ѕидовите, крововите, фасадите на куќите, го имаат задржано оригиналниот облик, а внатрешноста на куќите добива современ мотив.
Свети Стефан е монденска и елитна дестинација, одмаралиште за најпопуларните лица од шоу бизнисот, познати актери, место со преубава плажа и спој помеѓу минатото, сегашноста и иднината…
Интересна комбинација, која задолжително мора да се види !!!