Неверство?! Не признавајте! Еве зошто…

popara20 август, 20151min00
7

После афера често мислиме дека правилно е да признаеме за да бидеме фер кон партнерот и се прашуваме каде ќе не одведе тоа. Понекогаш е подобро некои работи да се премолчат…

Тоа дека емотивниот однос се темели на искреност и љубов е јасно како ден. Но понекогаш може да се случи да потклекнеме и од некоја причина да ја поминеме ноќта со некој друг.

Доколку тоа било авантура само за една ноќ, а вие и понатака го сакате партнерот, признавањето на вакво нешто нема да ви донесе ништо добро.

Пред да се одлучите да проговорите прочитајте ги причините поради кои можеби не треба тоа да го сторите:

Грижа на совест – добро, се случило што се случило. Но вашето признавање ќе ви користи само на вас за мирно да спиете.  А за него тоа ќе значи само скршено срце и ништо повеќе! Затоа заборавете на тоа како никогаш да не се случило!

Затоа што го сакате

Велат дека она што не го знаеш, не може да те повреди, а во случајов е токму така. Поштедете го од нервози и болка. Наместо да признаете и да го скршите, потрудете се тоа да не се повтори.

Не ви значело ништо

Можеби се случило поради премногу алкохол во крвта и покасно сте сватиле дека тоа било голема грешка. Тогаш продолжете да живеете како и претходно и јазик за заби.

Може да ви се освети

Понегогаш се случува изневерениот партнер да се обиде да се ослободи од болката и потиштеноста правејќи го истото што и вие. Меѓутоа е сосема јасно дека уште едно неверство нема да донесе ништо позитивно и најчесто значи крај за врската. Затоа не ја предизвикувате судбината со вашата искреност.

Ќе ве остави

Кога ќе дознае дека рацете на некој друг маж шетале по вашето тело, дека некој спиел со неговата сакана, машкото его и достоинство понекогаш не издржува и како последица на вашето признавање може да ве остави. Затоа е подобро извесно време да живеете со грижа на совест отколку да живеете без човекот што го сакате.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag