Покрај по својот заводлив изглед, најпозната е и по улогата во хит серијата Modern Family.
39 – годишната Софија Вергара во едиторијалот за шпанското издание Vanity Fair покажа уште еднаш зошто ја сметаат за една од најсекси жените во светот.
На насловната блеснала во црвено издание со цигара во рака, а својот сексипил го истакнала до максимум во другото издание, облечена во краток, тесен црн фустан!
Покрај тоа што изгледа неверојатно, убавата Софија има големо срце: својот статус на ѕвезда го насочила на вредна акција. Всушност, снимила порака која ја испратила на својот обожавател, студент Коупленд, кој страда од болест која му го јаде месото, поради што му е ампутирана левата нога, стопало и двете раце.
Потресната приказна допрела до Вергара.
“Секогаш ќе те имам во моето срце и верувам дека си силна личост, па затоа се надевам на најдобро. Би сакала да се сретнеме набрзо, да можам да те прегрнам и да ти кажам колку сум импресионирана од твојот дух, кој ти помага да го пребродиш ова што го минуваш”, порачала Софија.
http://www.youtube.com/watch?v=DzfR_K5mfuo