Едно куче нападнало 61 годишен маж во Линц и му го прегризал половиот орган, но за среќа лекарите успеале да го спасат.
Пензионерот се наоѓал во стариот дел на градот и го заклучувал својот велосипед со ланец, кога кучето го нападнало.
Кучето го прегризал човекот за половиот орган и веднаш избегало.
Пензионерот изјавил дека почувствувал само благо пецкање и дека прво не сфатил дека кучето го гризнало. Според локалните медиуми човекот веднаш бил префрлен во болница и опериран неколку часа.
Според лекарите човекот имал огромна среќа бидејќи не биле повредени крвните садови.