Невестински грабеж! Го покрала шефот за да си направи добра свадба! :)

popara22 јуни, 20121min00
r45w

Невестата која украла скоро 200.000 фунти од својот шеф за да ги организира венчавка од соништата била осудена на 20 месеци затворска казна.

Питер Шатон, шефот на 29 годишната Кристи Лејн од Манчестер дошол на венчавката на својата колешка, но веднаш се посомневал дека нешто не е во ред. Шефот знаел дека колешката немала толку средсва за да си организира добра свадба. Неговите сомневања се потврдиле откако тој детално ги прегледал финансиските извештаи од фирмата.

Кристи била вработена на пола работно време, а годишната плата и изнесувала 15.000 фунти. Само салата во која била организирана венчавката чинела 40.000 фунти.

Се докажало дека Лејн го крадела шефот повеќе од две години. Невестата била уапсена пред да замине на меден  месец.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *