
Анџелина Џоли уште еднаш ја оправда титулата на голема хуманитарка донирајќи 100.000 долари за помош на српслите бегалци.
Актерката средствата ги донирала UN високиот комесар за бегалци по повод Светскиот ден на бегалците, кој е одбележан на 20 јуни.
Џоли во соопштението го повикала UN да најде долгорочно решение за сите бегалци.
“UNHCR верува дека еден бегалец е премногу и тоа е вистина. Секој човек, кој бил принуден да го напушти својот дом, е важен. Сите оние кои имаат своја приказна и сите страдале повеќе од она што некогаш би можела да го поднесам, а сепак секое утро стануваат и живеат”, стои во соопштението на познатата хуманитарка.
Меѓународната заедница мора да се посвети на спречување на конфликтот, реагирајќи кога ќе се пробие, и брзо да се реши, бидејќи тоа е единствен начин за создавање на трајни решенија за бегалци чија моќ секој пат не потиштува, вели актерката.
Не е познато колку точно Сиријците пребегуваат од минатата година, кога почна востанието против режимот на Башар ал-Асад, но се претпоставува дека се работи за 500.000. Џоли, сега е специјален пратеник на УНХЦР, беше во посета на Сирија во јуни минатата година.