Анчелоти не стравува од отказ

popara7 мај, 20111min00
Chelsea-Carlo-Ancelotti+cropped

Англиските медиуми пред неделниот дуел меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи шпекулираат дека менаџерот Карло Анчелоти би можел да добие отказ доколку лондонскиот клуб не забележи победа и се прости од шампионската титула.

Италијанскиот стратег написите ги прокоментирал со следните зборови:

“Не обрнувам премногу внимание на тоа. Ја работам својата работа најдобро што можам” – изјавил Анчелоти, констатирајќи дека доколку добие отказ во Челзи сигурно нема да превземе некој италијански клуб.

Англиските медиуми, сепак, веќе направија краток список за можен наследник на Карло Анчелоти.

Како прва и најголема желба на сосптвеникот на клубот, Роман Абрамович го истакнуваат Гус Хидинк, но голем проблем е што Холанѓанецот работи како селектор на турција и во неколку ситуации изјави дека до крај ќе го одработи својот договор со работодавачот.

Како алтернативи на Хидинк се споменуваат Марко ван Бастен и тренерот на Порто Андре Вилаш Боаш кој кој веќе работеше на “Стемфорд Бриџ” и тоа пред полни четири години како полномошник на Жозе Мурињо.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag