Младата холивудска актерка Блејк Лајвли, позната по својата улога во „Gossip Girl“, ќе биде заштитно лице на новиот парфем на Гучи – Gucci Première.
Актерката изјавила дека навистина е пресреќна бидејќи е избрана за ново заштитно лице на Гучи, особено затоа што навистина ги цени квалитетите кои ги нуди познатиот бренд.
Лајвли особено се радува на соработката со Фрида Џанини, директорката на Гучи. Џанини изјавила дека новиот парфем е инспириран од безвременскиот Холивудски гламур и од легендарните актерки на златната ера на Холивуд. Таа смета дека Лајвли е одличен избор за заштитно лице затоа што во себе го носи стариот Холивудски гламур, но го презентира на современ начин.
Промоцијата на новиот парфем е закажана за крајот на јули во Лондон, а во продавниците ќе се најде на почетокот на септември.