Ким Кардашијан и Кение Вест биле сродни души – ги споила трагедија!

popara23 јуни, 20121min00
Celebrities At The Lakers Game

Старлетата Ким Кардашијан изјави дека нејзиниот нов дечко, раперот Кение Вест е нејзина сродна душа и дека тие совршено функционираат како пар, затоа што имаат меѓусебно разбирање.

Нивната поврзаност наводно произлегува од фактот дека и двајцата поминале низ тешки семејни трагедии. Мајката на Кение починала во 2007 година од компликациите кои настанале откако се подложила на естетски хирушки зафат, додека таткото на Ким починал во 2003 година од рак на желудникот.

Старлетата вели дека семејните трагедии се тоа што ги зближило и дека тие си се потпора еден на друг во тешки ситуации.

„Со него се чувствувам сигурно и моам да му се доверам кога нешто ме мачи. Знам дека секогаш ќе ме разбере, бидејќи сме навистина слични“, изјавила Ким и додала дека со Кение е навистина среќна.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma