Еве конечно кандидат за претседател на САД кој ќе го поддржат и демократите и републиканците, макар и да станува збор само за филмска улога.
Познатиот холивудски актер Чарли Шин најверојатно ќе ја добие улогата на претседател на САД во второто продолжение на филмот Machete, насловен како Machete kills.
Проблематичниот 46 годишен актер во новиот филм ќе глуми покрај Мел Гибсон, кој исто така неодамна беше мета на критики заради тајната снимка која ја објави еден сценарист, а на која се гледа Гибсон како вика, се заканува и кажува навредливи расни коментари.
Снимањето на продолжението на успешниот акционен филм на Roberta Rodriguez ќе започне за неколку недели, а светската премиера на филмот се очекува во 2013 година.