39-ет годишната Камерон Диас напишала книга за тоа колку е важно жените да се хранат правилно и здраво. Камерон почнува да посветува поголемо внимание на здравиот режим на исхрана после смртта на нејзиниот 58 годишен татко, кој починал од пнеумонија.
Нејзината цел е да се обиде да ни покаже дека не треба да ни бидат приоритет диетите и слабото тело, туку нешто сосема друго. Пред се таа вели дека треба да посветиме внимание дали со храната го внесуваме неоходното количество витамини и минерали и да ја избираме онаа храна што ни дава енергија, здравје и убавина.
Таа е убедена дека убавината на жената најмногу зависи од начинот на исхрана, бидејќи кожата како и сите останати органи и системи во нашето тело се храни преку она што го внесуваме преку храната. Секако дека физичката активност е фактор два за убавиот изглед. Се друго според неа, како например козметиката игра второстепена улога.