Која е моќта на прополисот?!

popara25 јуни, 20121min00
propolis

За прополисот се тврди дека совршено помага во лекувањето на егзема, мозолчиња и исекотини. Еве што треба да правите за да го постигнете вистинскиот ефект…

Пчелниот производ прополис има посебно место во домашните аптеки, истакнуваат лекарите на традиционалната медицина. За да се постигне саканиот ефект, потребно е во тенок слој два пати дневно да се нанесува на заболеното место. Резултатот, секако нема да изостане, нагласуваат поборниците за лекување со прополис.

Прополисот во облик на таблети и тинктура (алкохолен раствор) може да се најде во сите аптеки, како и продавници за здрава храна. Интересно е дека оваа мешавина на восок и некои други лепливи материи, на пчелите им служи за да го зајакнат сеќето и да ги затворат пукнатините, но и да ги санираат келиите во кои живеат.

Прополисот во себе најмногу има восок, смола и балсам, а нешто помалку полен, танини и етерични масла кои поседуваат антибиотични својства. Поради ваквиот состав прополисот постигнува антиинфламаторно и антимикробно дејство, стримулира обнова на ткивата и ја зголемува одбранбената моќ на организмот.

Во областа на стоматологијата, се препорачува за одржување на орална хигиена, бидејќи претставува одлична бариера за појава на кариес.

Во козметиката, прополис се додава на различни креми, кои можат да се најдат во билни аптеки. Доброто кај прополисот  е тоа што можат да го користат сите , освен луѓето кои се алергични на челини производи. На прополис, алергиските луѓе мора да се заборават.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag