Хотел за златни рипки!

popara25 јуни, 20121min00
1

Goldfish Hotel – аеродром Шипхол во Амстердам, Холандија

Ова не е хотел за вас, ниту за нас, туку хотел наменет исклучиво за златни рипки! Со цел да се направи забавна маркетинг кампања, холандска туристичка агенција се сетила на начин засекогаш да го реши проблемот на многу туристи  кои за време на патувањето не смислиле начин “кој ќе ги прехрани нивните миленици, златни рипки”. Доволно е лудо да помислите дека овој проблем е навистина проблем, а уште пооткачено е тоа што во големиот аквариум во аеродромската зграда Шипхол во Амстердам подигнале хотел за златни рипки – Goudvissen Hotel.

Хотелот свечено го отворил холандскиот шампион во пливање Мартен ван дер Вајден, а во внатрешноста на аквариумот се наоѓа минијатурно тениско игралиште, базен со тобоган, се заедно со околу 80 постојани “златни гости” на хотелот. Колку и да ни е тешко тоа да го замислиме, секоја златка рипка која туристите ќе ја донесат на чување, добива посебен апартман. Со ова се спречува мешање на новите гости со старите, а и рибите се чуваат од зарази кои ги пренесуваат едни на други.

Доколку се случи некое од “гостите” изненадно да почине, дирекцијата на хотелот нема за овој несреќен случај веднаш ќе го извести сопственикот на рипката, кој по враќањето во Амстердам  ќе го очекува можност својот миленик да го замени со некој од станарите во хотелот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag