Неверојатно откритие! Обама е хрват!

popara26 јуни, 20121min00
34

Карловачкиот сликар Алфред Фреди Крупа, тврди дека хрватскиот ген е најден во расата мелунгеон, настаната со мешање на Индијанците, црнците и белците, од кои потекнува и американскиот претседател.

Амерриканскиот претседател Барак Обама, некогашниот претседател Абрахам Линколн, актерот Том Хенкс, па дури и покојниот крал на рок ен рол музиката Елвис Присли се хрвати!

Барем ова го тврди сликарот Алфред Фреди Крупа, кој наводно нашол докази дека група хрвати се населила во САД уште во 16ти век и дека се мешале со индијанските племиња од чии  корени влечат и славните американци

Според весникот Јутарни лист, овој сликар кој инаку има благородничко потекло, одамна кажува дека во 1521 година мала флота од два брода заминале од Дубровник и отишле во Северна Каролина САД. Малкумината кои го преживеале тој долг пат останале во Америка и се мешале со домородното население. Тие пак се мешале и со други племиња, па така настанала расата мелунгеон, а на која припаѓаат Обама, Линколн, Хенкс и Присли.

Целата приказна останала на ниво на еден вид легенда, но сликарот за да ја добие потврдата решила да даде свое ДНК на анализа, а тестовите ги правела „ДНА консултанс“ од Феникс. Тие утврдиле дека во неговиот генетски состав постојат гени од европско и азиско потекло, а најзастапени биле гените од мелунгеонската раса.

До тоа стигнале врз основа на 13 CODIS маркерот, кои се користат и во форензичката генетика, која пак ја користи и американското ФБИ.

Според овој доказ, сликарот изјавил дека сепак хрватите учествувале во колонизација на Америка во 16-ти век.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag