Американскиот Боинг, Голфстрим и НАСА прават суперсоничен авион!
Авионот ќе биде направен од лесни материјали, ќе има современи мотори и мал труп за да постигнува голема брзина.
Се предвидува дека овој авион ќе лета со брзина од 4000 километри на час, па така на пример од Белград до Сиднеј ќе се стигне за три часа
Неговата изградба ќе чини 80 милиони долари, а прототипот ќе биде претставен на почетокот на јули во Лондон.
Новото супер летало Х-54 ќе биде наследник на познатиот Конкорд, суперсоничен авион кој влезе во сообраќајот во 1976 година, но беше повлечен во 2003 година, поради несреќата која се случила во Париз 2000 година, кога се запали и се сруши над еден хотел.
Покрај тоа, со него можеа да патуваат само екстра богатите луѓе, па за многумина не беше исплатлив.
Во новиот авион ќе може да патуваат 12 луѓе, а на потенцијалните купувачи во Европа и Среден исток ќе им биде претставен под слоганот, „До САД и назад за едно работно време“, истакнал еден од инженерите на Х-54.