Штом Ким Крадашијан објави дека е во врска со раперот Кание Вест, неговата другарка Бијонсе се изјаснила и буквално ја “изругала” старлетата. Го советувала пријателот да ја остави дека таа не е за него и рекла дека Ким е глупава и не сака да ја запознае воопшто. Меѓутоа…
На последниот настап на познатиот рапер во ВИП ложата, помеѓу останатите, седеле Бијонсе и Ким Кардашијан. Присутните околу нив следеле како ќе помине нивната средба и комуникација, а потоа сите се изненадиле. Двете убавици размениле неколку зборови, а изгледа дека тоа било доволно за Бијонсе да го промени мислењето за атрактивната црнка. Таа дури ја пофалила и рекла дека пријатно се изненадила. Се чини дека уште едно Холивудско пријателство е на повидок…