Љубов помеѓу роднини?! Забранета љубов или табу?

popara26 јуни, 20121min00
s1

Синдромот на генетското привлекување се среќава многу почесто отколку што мислиме. Синдромот на генетското сексуално привлекување ГСП е спорен термин, што значи појава на привлекување на сексуална основа помеѓу многу блиски роднини( браќа и сестри, мајка и син, татко и ќерка и сл.) Овој феномен се случува најчесто кога овие луѓе не се познавале и се запознаваат за прв пат веќе како возрасни личности.

ГСП го нарекуваат уште и синдром на посвојување, зошто се јавува најчесто во вакви ситуации – дете што било дадено на посвојување во еден момент го среќава своето биолошко семејство, родители, браќа, сестри. Многу често кај овие луѓе се јавува силно чувство што не може свесно да се контролира во вид на сексуално привлекување и копнеж. Појавата е толку неочекувана што тие не успеваат да се исперцепираат како роднини и многу често се зборува за љубов од прв поглед.

За жал во повеќето случаи на ГСП се стигнува до консумација на чувства, цели врски кои во еден момент резултираат со размножување. Најголем процент од децата родени после вакво мешање на крвта имаат тешки физички и психички аномалии и се когнитивно недоразвиени. Тоа е и причината повеќето животински видови да избегнуваат полови контакти каде има крвно сродство, особено кога имаат шанса да избираат други партнери со кои не се во роднинска врска.

И покрај тоа, дали како резултат на ГСП или не, во денешно време врските помеѓу роднини не се ретка појава. Само во Франција се документираат околу 5000 полови контакти во кругот на семејството!

Некои сметаат дека ваков ГСП синдромвоопшто и не постои и тоа им служи на перверзните да ги нарушуваат моралните граници и да блудничат без да бидат осудени поради тоа, играјќи на картата „психичка болест“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma