Изгледа дека Крис Хамфрис едноставно не може да продолжи со животот после разводот!
Како што информираат странските таблоиди, кошаркарот кој беше 72-дена во брак со Ким Кардашијан се доверил на поранешната девојка Мули Синанај дека цело време знаел дека Ким го изневерува со Каније Вест, бидејќи раперот мистериозно не беше присутен на нивната свадба.
Крис вели дека почнал да се сомнева поради недоаѓањето на Вест на нивната свадба. “Ако тој беше толку близу до семејството, зошто не бил поканет на свадбата”, се прашува извор близок до кошаркарот, кој додава дека Крис се чувствувал измамено, и дека бил особено повреден кога Каније објавил песна за Ким.