Високите температури не натераа да заборавиме на се и да се фокусираме на одмори, море, коктели, летна гардероба и романтика.
Но сепак посветете внимание на својата коса особено во лето. Силните сончеви ултравиолетови зраци продираат длабоко во влакното, ја уништуваат неговата структура, го дехидрираат и како последица од ова косата станува кршлива, сува со оштетени врвови.
Денес немаме оправдување ако дозволиме да ни се случи вакво нешто. На пазарот има стотици козметички препарати кои се прилагодени да ја заштитат вашата коса од сите надворешни фактори. Некои од нив се на сосема пристојни цени, па затоа тоа е нешто што мора да го имате. Препаратот се користи секојдневно пред излегување на сонце.
Освен ова после секое миење на косата нанесувајте заштитна маска, а еднаш седмично се препорачува употреба на ампула која дополнително ќе ја заштити вашата коса и ќе ја направи поотпорна.
Во текот на летото избегнувајте употреба на хемиски и термички стилизанти за коса. Најдобро е косата да ви биде прибрана во пунџа, со што ќе изгледате модерно, а косата ќе нема потреба од обликување со помош на термички уреди.
Се препорачува козумација на 2 литри вода секојдневно и многу свежо овошје и зеленчук со цел да ја храните внатрешно косата и кожата.