Доколку не сте на училиште или на факултет, обидете се да се сетите кога последен пат сте држеле молив во раце. Истражувањата покажале дека деновите на користењето лист хартија и молив се одбројани.
Поточно, една возрасна личност во просек живее шест недели без да користи молив. Во светот на новите технологии, паметни телефони и компјутери, традиционалниот начин на пишување се заборава. Истражувањето го спровел Докмејл, а покажло дека во просек луѓето поминуваат 41 ден без да напишат нешто со молив.
Секоја трета возрасна личност не пишувала со молив повеќе од шест месеци. Додека две третини од испитанците изјавиле дека она што го пишуваат со молив е кратко и служи само како потсетник.