Бил на одмор незнаејќи дека е милионер!

popara27 јуни, 20121min00
ef4e

Скоро два месеци откако освоил 3,5 милиони евра на лото, конечно е познат добитникот кој до скоро не знаеше дека токму тој е човекот кој ја добил главната премија, пренесуваат германските медиуми.

Лотаријата Вестлото соопштила дека по двомесечна потрага пронајден е лото добитникот од регионот Крефелд. Среќниот добитник освоил 3,5 милиони евра, а до скоро не ни знаел за добивката, бидејќи кога тоа се случило тој бил на подолг одмор.

Бидејќи добитникот подолго време не се појавил, Лотаријата Вестлото неодамна покренал широка акција за него и биле поставени билборди со натписот „Се бара добитникот на 3,5 милиони евра“ и извлечените броеви.

Среќниот добитник додека бил на одмор не ни помислувал дека е милионер. За среќа се завршило добро бидејќи кон крајот на јули месец истекувал рокот за подигнување на добитката.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma