50 Cent имал тешка сообраќајна несреќа!

popara27 јуни, 20121min00
50caraccident

Кертис Џексон – 50 Cent доживеал тешка сообраќајна несреќа во Њујорк.

Тој се наоѓал во својот џип, со кој управувал платен возач, кога во нив од позади удрил камион.

Возилото од силата на ударот “одлетало” и за малку ќе се превртело, а раперот и возачот итно се префрлени во болница. На Џексон му се констатирани повреди на грбот и вратот и е задржан поради други прегледи,а доколку се покаже дека ситуацијата е сериозна ќе биде опериран.

Возачот се здобил со полесни повреди и скоро ќе биде пуштен на домашно лекување, пишува американскиот печат.

Раперот, своевремено преживеа  рани од девет куршуми, минатата година беше во болница поради труење со храна…Тогаш се пошегувал дека Еминем го “повикал”.

“Тој ми рече – ма дај, преживеа девет куршуми, немој сега да умреш поради расипани плескавици”, вели 50 Cent.

Полицијата во Њујорк работи на расветлување на околностите под кои се случила нереќата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma