Брендот како и секогаш знае како да се издвои од другите и да импресионира со своите уникатни и величенствени креации. Погледнете какви совршени бои и комбинации се употребени во колекцијата, какви врвно изработени аксесоари, чевли и чанти. Црната боја речиси да ја нема во оваа есенска колекција и преовладуваат ултра модерните ретро бои кои од своја страна додаваат гламурозен сјај на оваа елегантна колекција.