Љубовта била силна и страстна но после извесно време веќе не се чувствувате исто и разбирате дека повеќе не сте вљубена во човекот до вас. И тоа не значи дека влегувате во научното правило за хемијата и страста, според која љубовта трае максимум 4 години и ни ден повеќе.
Ниту пак проблемот се крие во прстенот на раката, бидејќи некои веруваат дека бракот ја убива љубовта. Има најразлични причини за тоа, но еве кои од нив најчесто ги среќаваме:
Првите проблеми. Во правата фаза на љубовта што се нарекува заслепеност, ние гледаме се преку розовите очила на љубовта. Гледаме на се позитивно и не сме во состојба да ги забележиме неговите мани и недостатоци. Но кога оваа фаза ќе мине, на површина излегува реалната слика што некогаш знае и да шокира.
Тој се менува – во почетокот мажите се во состојба да симнуваат ѕвезди и да те третираат како капка вода на дланка. Но со тек на време сето ова испарува и отстапува место на суровото и монотоно секојдневие лишено од романтичните гестови на љубовта. Жената сака да се чувствува специјална и ако не го добива повеќе тоа…врската оди кон пропаст.
Таа се менува – ако сте се сретнале во своите 20-ти години, а сега сте во своите 30-ти години, треба да знаете дека очите на 20-ет годишната девојка и онаа 30-ет годишната не гледаат исто. Таа пораснала, нејзините критериуми се поголеми…Многу често се случува таа да признае дека направила грешка и дека тоа не е човекот за неа.
Монотонија – освен недостатокот на интересни разговори, досадата е резултат на немање заеднички интереси и страсти.
Загуба на независност – ако еден од партнерите е посесивен и бара да ги ограничиш своите лични социјални контакти, тоа е проблем што покасно се мултиплицира во мал милион проблемчиња кои порано или покасно ќе предизвикаат сериозна криза во врската со фатален крај.