Насмевката е најсилното женско оружје кога станува збор за освојување. Не една или две љубовни истории почнале со немирни погледи и магични насмевки, разменети помеѓу објектите на љубовта. Ете го и симпатичното момче од минатата вечер, стои на шанкот и знаеш дека може да биде во твоите прегратки само за неколку секунди.
Единственото што тој го очекува од тебе е една волшебна насмевка, која недвосмислено ќе му покаже дека патот кон твоето срце е слободен за него. А кој знае, можеби после некој ден, месец или година под звуците на Менделсон да ви се сплетат судбините во една, па од една случајна насмевка на шанкот во барот да се роди љубовната историја на вашиот живот…
Насмевката е најважната компонента од магичната љубовна рецепта. Таа е јазикот на љубовта – без маски, без излишни манири и помпезни пози, без многу зборови и објаснување. Само една насмевка е доволна за да ги направиш луѓето околу тебе среќни. Една насмевка, а всушност толку многу!
Смеејќи се ти ја елиминираш бариерата помеѓу тебе и човекот отспротива. Ако сакаш да бидеш ѕвездата на вечерта, раздавај немирни насмевки и сосема наскоро ќе се увериш дека благодарение на твоето тајно оружје доста мажи веќе се фатиле на јадицата.
Никој не сака да гледа намуртена и депресивна женска физиономија!