
Во четвртокот вечер беше премиерата на првата епизода на нова серија на Charlie Sheen, “Anger Management” на програмата FX и тоа веднаш после неговата поранешна серија “Two and a half men”.
Интересно е тоа што првата сцена започна со зборовите:”Вие не можете да ме отпуштите, јас давам отказ! Сакате да ме замените со некој друг фраер? Само пробајте! Нема да биде исто! Мислите дека јас губам? Не губам! Во секој случај ја сфативте поентата”, и веднаш потоа камерата прикажува како Charlie држи предавање за контрола на бес.
Би сакале да ве потсетиме дека Charlie после расправија со продуцентите на серијата “Two and a half men”, доби отказ, а неговата улога во серијата ја доби Ashton Kutcher.
Погледнете ја првата епизода од нова серија на Sheen.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Duz4ZakSUvI