Од клима уредите се дебелееме!!!

popara30 јуни, 20121min00
i

Во лето сакаме да се заштитиме од високите температури па затоа насекаде каде што престојуваме, дома, на работа, во кола и слично сакаме ниски температури кои ги постигнуваме со помош на клима уредите.

Но освен што поради тоа ја намалуваме физичката активност, според студијата на Дејвид Алисон од универзитетот во Бирмингам од климата има уште една директна последица – се дебелееме.

Благодарение на оваа технологија ние во текот на целата година одржуваме релативно идентична температура и во зима и во лето, па со тоа го лишуваме телото од неопходноста да работи, за да се затоплува или лади во зависност од надворешните влијанија. Овој процес на терморегулација согорува многу калории.

А со помош на климата, телото нема потреба да ги извршува тие процеси па затоа вишокот енергија што не ја троши, ја складира во вид на масни наслаги за денови со поголеми температурни амплитуди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag