Неверојатни цртежи – илузии во музеј во Јужна Кореа

popara2 јули, 20121min00

Иако можеби нема да најдете уметнички слики од познатите сликари од минатото, ви ветуваме дека музејот Trick Eye во Јужна Кореа ќе ве остави без зборови.
Станува збор за музеј посветен на цртежи – 3Д илузии, кои изгледаат навистина реално и во кои посетителот може да се вклопи. Доколку се сликате под вистински агол, ќе игледа како и вие да сте дел од самата сцена.
Станува збор за ланец на музеи, од кои еден се наоѓа во главниот град Сеул, додека другите два се наоѓаат на островите Бусан и Жежу, и се едно од најпосетуваните музеи во Азија.