
Сте се запрашале ли некогаш како навистина изгледала ѕвездената ноќ која ја нацртал еден од најпознатите уметници Винсент Ван Гог?
Дигиталниот уметник Алекс Круз, се разбира со помош на Фотошоп, успеа да создаде дигитална, но многу реалистична верзија на тоа како изгледала ѕвездената ноќ која на Ван Гог му послужила како инспирација и како модел за неговото најпознато пост-импресионистичко дело.

“Често се прашував како навистина изгледала таа ѕвездена ноќ, ја замислував како мистична и по малку магична, па решив да направам реалистична верзија на мојата фантазија”, вели Круз.

Иако не се знае колку точно време му требало на Ван Гог да го наслика своето ремек дело, на Круз му биле потребни само седум часа. Мора да заклучиме дека уметноста напреднала многу во последните 200 години!