
Фредерик Бордин на возраст од 23 години успеал да убеди американско семејство дека токму тој е нивниот исчезнат 16-годишен син Николас Беркли, оправдувајќи го својот прекар “The Chameleon”.
Бордин денес има 38 години, а до сега превземал околу 40 лажни имиња кои претежно припаѓаат на исчезнати деца.
Дури пет месеци траела една од набизарните и детално разработени измами на Фредерик кој успеал да убеди американско семејство дека тој е нивниот исчезнат син. Фредерик се појавил во Шпанија и тврдел дека тој е Николас Беркли, студент од Тексас кој исчезнал пред три години. Французинот успеал во својот план, иако наместо сини очи имал кафени, а изгледот на лицето исто така не наликувал на Николас. На загрижените родители како причина им навел различни експерименти кои над него биле спроведени од луѓето кои го киднапирале.
Неговата измама ја открил приватен детектив кој работел за телевизиска станца, а Фредерик “The Chameleon” Бордин поради измама во 1997 година завршил во затвор на шест години. По затворот, Бордин е повторно бил фатен во 2005 година поради измама дека е сирак од Шпанија во едно француско училиште. Исто така, откриено е дека Бордин во 2003 година се претставувал како 14-годишен Лео Били кој исчезнал на кампување осум години претходно.
Неверојатен е фактот дека гранцузинот успеал околу 40 пати да земе друго име и презиме, а неговата приказна била инспирација за снимање на филмот “The Chameleon”.