Секс со најдобриот пријател? Што да очекувате…

popara1 јули, 20121min00
s2

Често се случува најдобриот пријател да биде припадник на спротивниот пол.  Возможно ли е навистина да има пријателство помеѓу маж и жена или секогаш има сексуален подтекст? И дали се исклучуваат взаимно сексот и пријателството?

Дали ќе дозволите еротските пориви меѓу вас и пријателот да добијат реални димензии е  прашање на личен избор и одговорност.

Во пријателските односи секогаш присуствува елемент на еротика – вели францускиот психоаналитичар Софи Кадален. Дури и помеѓу лица од ист пол еротската енергија е присутна, но тоа е во зоната на несвесното и е потиснато. Има редица студии кои покажале дека потсвесно избираме пријатели кон кои постои физичко привлекување.

Како ќе се одрази на вашиот однос со пријателот евентуалната сексуална авантура зависи најмногу од неговиот психолошки тип.

Но најчесто сексот со пријател ќе ви донесе комбинација од непријатни чувства, чувство на вина, нечиста совест…Особено ако вашиот пријател е добар пријател и со вашиот сопруг или дечко. Најверојатно на крај ќе бидете разочарани бидејќи идеализираниот образ на пријателот ќе исчезне и ќе биде заменет од најобичен телесен. Секогаш во него сте наоѓале утеха и сте можеле да разговарате апсолутно за се, но после сексот нема да биде истото. Можеби за вас ќе биде грешка што не сакате повеќе да се повтори, а тој ќе инсистира сексот да биде дел од вашето пријателство. Шансите пријателството да прерасне во врска се мали, а да се распадне се големи.

Затоа многу добро размислете дали вреди долгогодишна врска да се уништи за краткотрајно задоволство…