Најкокетното маченце во светот за прв пат го даде своето име за СПА центарот кој наскоро беше отворен во Дубаи и претставува вистински рај за малите принцези и нивните мамички. Освен што е првиот СПА центар што го носи името на ултра популарното јапонско маче Кити, овој центар е уникатен со тоа што нуди процедури за деца и за возрасни. Ништо поубаво од мајка и ќерка заедно во СПА. Мене лично ми се допаѓа идејата.