Раперот Кание Вест и убавата Ања Рубик снимиле реклама за нејзиниот нов магазин, која е на границамеѓу порнографија и еротика.
Интригантното видео преполно со голи сцени, го најавува магазинот “25” кој ќе се занимава со еротика, а го режирал фотографот и режисер Барнби Ропер.
Ања вели дека таа и Кание го смислиле целиот концепт кој подоцна Ропер го преточил во видео.
“Идејата ни беше да направиме нешто што ќе ја направи порнографијата естетски и модерно прифатлива. Видеото истражува сензуални слики од списанија, а сака само да изгледа како да се одвива во главата на Кание”, објаснила Ања во видеото кое на YouTube каналот может да го погледнат регистрирани корисници.
http://www.youtube.com/watch?v=r7L7Xs8z5PI&feature=player_embedded