Грчката економија пред банкрот, Британија одбива да помогне

slobodan9 мај, 20111min00
Greece Financial Crisis
Грција повторно се наоѓа пред финансиски банкрот, а можност за нови барања за финансиска помош е се’ поизвесна, пишува “Блиц“, пренесува НетПрес.
Велика Британија веќе се оградила соопштувајќи дека не е подготвена повторно да и помогне на Грција, но останатите земји членки на Европската унија ќе мора да најдат начин да го решат грчкиот проблем бидејќи кризата од оваа земја се прелива и им создава проблеми на сите земји од евро зоната.
Повеќе од 12 месеци откако Грција го добила пакетот за финансиска помош од Меѓународниот Монетарен Фонд и Светската банка,таа и понатаму се наоѓа во тешка финансиска ситуација бидејќи вредност на обврзниците паднала на најниско ниво, трошоците за позајмување се зголемиле повеќекратно, а половина од целокупниот приход од данок се користи само за отплата на високите камати.
Иако грчкиот премиер Јоргос Папндреу побарал од ЕУ  “да ја остави неговата земја на мира за да ја извршува својата работа“, неговиот колега, министерот за финансии Јоргос Папаконстантину повторно го развил сомнежот дека земјата повторно се наоѓа пред прагот на уште една сериозна криза, истакнувајќи дека властите во Атина повторно ќе имаат потреба од финансиски средства за поддршка.
Новата криза во Грција сериозно ги загрижува и останатите членки на евро зоната. Познатиот германски весник “Шпигел“, објавил дека официјални лица од Атина најавиле можен излез од валутната зона во која се наоѓаат 17 од вкупно 27 земји членки на ЕУ. Последица од таквата реакција е тоа што еврото изгубило еден цент од вредноста во споредба со американскиот долар.
Извор: Нетпрес
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag