Нуклеарната електрана “Цуруга 2“ на западниот брег на Јапонија испушта радиоактивност, па оштетениот реактор е привремено исклучен, соопштил операторот “Јапан атомик Пауер“ (ЈАПКО), пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
Во нуклеарката “Цуруга 2“пред една недела се регистрирани проблеми со ладење на еден од реакторите, кој е привремено исклучен бидејќи од него излегува слаба радиоактивност.
Од јапонските агенции за нуклеарна енергија “НИСА“, уверуваат дека нема последици по животната средина и за сега не е јасно како е предизвикано истекувањето на радиоактивни материи.
Во Јапонија веќе е забележан тежок инцидент кога по разорниот земјотрес кој предизвика и цунами при што беше оштетена нуклеарката “Фукушима“ , во чија околина заради истекување на радиоактивност е загадена околната област.
Проблемот во “Цуруга 2“ дополнително ја заострува и така напнатата ситуација во Јапонија, која со недели ја загрижува Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).
Извор: Нетпрес