Фудбалските навивачи ја одбраа Нивес Целзиус за најубава сопруга на фудбалер на “Еуро 2012”. Таа ја победи девојката на Пике, Шакира, Ирина Шајк на Роналдо, Сара на Швајнштајгер.
“Ако се пласира Хрватска во финалето, ќе навивам само со ланче околу вратот”, вети Нивес на почетокот на “Еуро 2012”. “Огнените” не успејаа да “дотуркаат” дотаму, но Нивес отиде до крајот…
Читателите на англискиот весник “Мирор” ја избраа Нивес за најзгодна сопруга на фудбалер, со што таа ги “претрка” Шакира на Пике, сопругата на Кеан, Клодин, и Алена Саредова на Буфон.
Во четвртина финалето таа доби повеќе гласови од сопругата на украинскиот репрезентативец Андреј Вороњин, а во полуфиналето беше позгодна од една од најубавите жени на светот, поубавата половина на Кристијано Роналдо, Ирина Шајк.
Финалето беше “мртва трка” меѓу Нивес и сопатничката на Швајнштајгер, Сара Браднер. Нивес ја победи и неа и со тоа стана најубавата фудбалерска жена.
Нивес го освои европското првенство за фудбалерски сопруги на ист начин како и Шпанците – со пет победи и реми, и тоа токму против Италија.
Таа имаше ист број на гласови како и сопругата на Буфон, Алена Саредова, но на фудбалерските навивачи им беше позгодна и така таа го освои “трофејот”